1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Промена на власта во Кипар

Никос Анастасијадес е јасен победник на претседателските избори во Кипар. На конзервативниот политичар му се верува најмногу дека може да ја извлече малата евро-држава од криза.

Според неофицијалните резултати од изборите, Никос Анастасијадес (фото горе) во вториот круг на изборите освоил 57,5% од гласовите, а неговиот противкандидат Ставрос Малас - 42,5%. Новиот претседател треба да биде инаугуриран на први март, по што тој треба да ја именува владата.

Многу време за славје конзервативците немаат. Кипар економски е на дно. Новиот претседател Анастасијадес е исправен пред тешки времиња. Кипар мора да штеди и да штеди за да се спаси од банкрот. Еврогрупата ќе се занимава со проблемот на Кипар на средбата на 5 март.

Анастасијадес, според сопствени зборови, сака повторно да го донесе Кипар на европски курс. Негов прв приоритет, како што вели, е да ја врати веродостојноста на земјата. Решен е да соработува со ЕУ-партнерите и да ги преземе сите мерки за земјата да се извлече од финансиската криза.