1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Проклетство или благослов - пред 20 години во источна Германија дојде марката

Со монетарната унија, според многумина, беше создаден најважниот предуслов за повторното обединување на Германија. Со западногерманската марка преку ноќ и во продавниците на Истокот стигна разновидна стока од Западот.

default

Мотив на банкнотата од 100 германски марки

Но, уште тогаш водечките економски институти од западната, Сојузна Република Германија, предупредуваа дека брзата монетарна и економска унија, а пред се’ курсот на замена еден спрема еден на источната со западната марка, целосно ќе ја урниса и онака истоштената индустрија на ДДР (де-де-ер). Курсот беше многу спорен и меѓу политичарите, но ниту имаше време за долги дебати, ниту некаква споредлива ситуација, некакво искуство во овој поглед.

Кризата дојде бргу

Со западногерманската марка преку ноќ и во продавниците на Истокот стигна разновидна стока од Западот. За производите од источногерманските народни претпријатија веќе никој не се интересираше.

Währungsunion DDR D Mark DM Umtausch Sparkasse Bank

Курсот на размена беше многу спорен и меѓу политичарите

„По први јули многу претпријатија одеднаш станаа неконкурентни и во наредните шест месеци исчезна околу 60 проценти од источногерманското производство, а Истокот западна во длабока криза“, вели Густав Хорн, научник-економист од фондацијата „Ханс Беклер“.

Со замената на источната со западната марка по курс еден спрема еден, трошоците на руинираните комбинати од ДДР (де-де-ер) со многу пониска продуктивност, станаа речиси еднакво високи, колку и на високопродуктивната конкуренција од Западот. Источногерманското стопанство го зафати бран од стечаи и за неколку месеци тоа загуби две третини од работните места во индустријата.

Ханс Титмајер, тогаш претседател на емисионата Бундесбанка, учествуваше во донесувањето на решението за монетарна унија и се согласи за курс на размена од еден спрема еден, и покрај задршките.

„Не би оспорувал дека некои работи можеше да бидат направени подобро, но можеби треба да потсетам - имавме само шест недели време и доаѓавме од различни светови.“

Последиците се чувствуваат до денес

Разликите, барем економските, ќе останат уште долго време: отсуството на индустрија и масовната невработеност го прават Истокот зависен од милијардите помош од западниот дел на земјата. Наместо процутени пејсажи - криза?

Währungsunion DDR D Mark DM Umtausch Flash-Galerie

Преку ноќ можеше да се купи стока од Западот

„Буџетот западна во длабок дефицит поради мерките за сузбивање на кризата на Истокот, па мораше повторно да се штеди. Сето тоа му дава белег на економскиот развој на Германија се’ до најново време“, смета Густав Хорн.

„Севкупно сметам дека поставувањето на свртниците беше во ред и неопходно. Благосостојбата на Истокот навистина уште не е сосем на ниво на Западот, но е релативно блиску до него“, нагласува денес Ханс Титмајер.

Оцените за монетарната унија, значи, и 20 години потоа, очигледно остануваат контроверзни.

Автор: Кристоф Хелшер / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска