1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Производството на автомобили и електроника во Јапонија и натаму во прекин

Јапонските производители на автомобили уште не можат да го обноват производството. Индексот Никеи денеска забележа пораст од повеќе од 4%. Јапонската влада ги предупреди шпекулантите дека е подготвена да дејствува .

default

По катастрофалниот земјотрес, јапонските производители на автомобили уште не можат да го обноват производството. Прекинот, поради проблеми со лиферантите на делови за монтажа на автомобили, ќе трае најмалку до претстојниот викенд.

Од слични причини е запрено производството и во некои погони на концернот за електроника „Сони“. Засегнато е производството на дигитални камери, ЛЦД (ел-це-де)-телевизори, мобилни телефони, микрофони и слушалки.

Водечкиот индекс на јапонската берза - Никеи денеска забележа пораст од повеќе од четири проценти и му се приклучи на нагорниот тренд на берзите во Европа и САД. За порастот влијае надежта дека ситуацијата во атомската централа во Фукушима може да биде ставена под контрола. Откако дел од реакторските блокови беше приклучен на електрична енергија, курсот на акциите на концернот Тепко, кој управува со нуклеарката, скокна дури за 16 проценти.

Јапонската влада ги предупреди шпекулантите дека е подготвена да дејствува - по потреба и заедно со партнерите од Г7 - за да спречи натамошно покачување на вредноста на националната валута јенот, изјави денеска (22.03) министерот за финансии Јошихико Нода. Јапонската емисиона банка во текот на денов уфрли на пазарот на пари две илјади милијарди јена (околу 17 милијарди евра). Во претходните шест деловни денови на банките им беа ставени на располагање за краткорочно кредитирање 40 билиони јена (околу 347 милијарди евра).

Автор: Хенрик Беме / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска