1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Прозорец на стравот“ е прогласен за најдобар блог!

За најдобар блог на натпреварот BOBs на ДВ годинава е прогласен блогот „Прозорец на стравот“ на Араш Сигарчи. Тој става прст во раните на иранската политика, но тоа го прави од егзил!

Новинарот Араш Сигарчи е во егзил во Вашингтон од 2008 година. Четири години претходно, во Иран беше осуден на 14 години затвор поради критичките ставови како новинар. Со помош на неговиот адвокат, добитничката на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади, успеа да ја редуцира казната на три години затвор, но следуваа нови удари - брат му Ашкан загина во сообраќајна несреќа, а самиот Араш Сигарчи за време на затворската казна заболе од рак. Но тој не се предава. При сето тоа го задржа својот неподмитлив поглед на нештата, вели членот на жирито на меѓународниот натпревар на ДВ -The BOBs, Араш Абадпур, кој и самиот потекнува од Иран: „И покрај се‘ што преживеа, него како новинар не го понесоа емоции.“

Сигарчи се држи до фактите. Тоа е неговата девиза во „Прозорец на стравот“, иако дозволува во текстовите да се влеат и лични искуства и погледи. „Но во се‘ што објавувам се трудам да бидат фер, одмерен и да се држам до вистината. Јас сум новинар и се‘ што ставам на интернет се сфаќа како новинарска вест.“

Arash Sigarchi nominiert bei den BOBs 2012 in der Kategorie Best Blog

Араш Сигарчи се држи до фактите

Првите новинарски искуства Сигарчи ги има веќе на 15-годишна возраст. Во провинцијата Гилан наскоро се вработува во регионален весник и станува главен уредник. Но, тогаш ја запознава цензурата. Многу работи кои му биле важни тамуи не можел да ги објави. Дел од тоа биле и извештаите за повреди на човекови права од страна на владата. Затоа станува блогер. За својот блог „Прозорец на стравот“ вели: „Го нареков така зашто секој ден кога ќе отворев нов прозорец во својот браузер наидував на лоши или застрашувачки вести.“

Во меѓувреме, Араш Сигарчи работи за „Гласот на Америка“ во Вашингтон. Среќен е и горд што неговиот блог е прогласен за најдобар: „Секогаш ги следев BOBs, дури и кога бев во затвор!“