1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжува штрајкот на СОНК

Штрајкот на дел од просветните работници продолжува откако синдикатот и владата не постигнаа договор за нивните барања. Дел од училиштата најавија дека ќе работат.

default

Неизвесно е во колку училишта во Македонија има настава

Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК соопшти дека го продолжува генералниот штрајк кој започна минатата недела. Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски изјави дека денеска имал средба со висок претставник од интернационалата за образование со седиште во Брисел, а во текот на денот ќе има и средби во Канцеларијата на ЕУ во Скопје каде треба да ги информира за штрајкот.

Цветановски не отстапува од штрајкот, иако по вчерашните разговори во владата изјави дека двете страни ги приближиле ставовите, но се’ уште нема договор. „Направивме обид и мислам дека полека се доближуваме до изнаоѓање на заемно прифатливо решение за причините за штрајкот, но се’ уште не можам да кажам дали сме блиску или далеку од решение, и затоа штрајкот денеска како и во наредните денови продолжува“, изјави вчера Цветановски.

Неизвесно е и каде се’ се штрајкува денеска, бидејќи дел од училиштата најавија дека ќе работат. Повод за прекинот на работата во овој сектор, меѓу другото се и барањата за покачување на платите, хранарината и превозот.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина