1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжува штрајкот на машиновозачите

*

Најголемиот штрајк на железницата во историјата на Германија, предизвика големи проблеми пред се во источниот дел на земјата. Од германски железници изјавија дека за разлика од Западот каде превозот на основниот товар се одвива непречено, на истокот собраќаат возовите кои превезуваат неопходен товар. Во западниот дел сообраќаат половина од регионалните возови и две третини од брзите возови. Се јавува и за големи проблеми во трамвајскиот сообраќај во големите градови. Од синдикатот на машиновозачите изјавија дека сакаат најмалку десет проценти зголемување на платите, а доколку добијат 31% велат дека се подготвени да се откажат од барањето за сопствен тарифен договор. Министерот за сообраќај Волфганг Тифензе ги повика двете страни по крајот на штрајкот во сабота повторно да седнат на преговарачка маса.