1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжува судењето на Бошковски

Судот во Ден Хаг денеска го продолжи испрашувањето на Софија Галева Петровска како сведок во одбраната на Љубе Бошковски.

default

Трибуналот во Ден Хаг

На државниот советник на МВР, Софија Галева Петровска, вчера не и беше тешко да се претстави како самоуверен професионалец кој со редица конкретни имиња, датуми, документи го поткрепи своето уверливо сведочење пред Трибуналот во Хаг, како прв сведок, во штотуку започнатата одбрана на поранешниот министер за надворешни работи Љубе Бошковски. Обвинението денеска пак ја испрашува Галева и се трудеше да докаже дека некогашниот државен советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, не водел ни бележки, или ако ги водел не му биле познати на Трибуналот, па заклучок е дека таа зборува на памет, за изјави на луѓе клучни за истрагата, а не врз основа на документи грижливо прибрани, белешки, записи. Обвинителтот дури отиде до таму да имплицира дека Галева, несовесно или површно си ја вршела работата оти не прилега правник на таква висока функција во МВР да нема сопствени белешки, што би требало сега да се во Трибуналот. Судењето ќе продолжи во понеделник (04.02.08)