1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжува судењето на Бошковски Тарчуловски

По тринеделна пауза денеска во Хаг продолжува судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.

Со договорената динамика судењето против македонските државјани ќе се одвива со сведочење на еден сведок дневно кој ќе биде испрашуван и од одбраната. Обвинителството најави дека ќе повика 96 сведоци, а се очекува порцесот да трае шест месеци.

Поранешниот министер за внатешни работи Бошковски и поранешниот полициски командант Тарчуловски се единствените граѓани на Македонија на кои им се суди за конфликтот во 2001 година. Двајцата се обвинети за „убиства, безобзирно уништување градови и села, нехумано постапување и кршење на обичаите на војување.“ Бошковски и Тарчуловски на првото сослушување пред Хашкиот суд се изјаснија како невини по сите точки на обвинението.