1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжува спасувачката акција на „Коста Конкордија“

Раководството на компанијата „Коста Крусес“ го обвини капетанот на потонатиот брод за постапки спротивни на правилата во компанијата, кои што ја предизвикале несреќата во која загинаа најмалку шест луѓе.

default

Запрена спасувачката акција поради поместување на бродот и најавено невреме

Од компанијата тврдат дека бродот „Коста Конкордија“ бил ултра безбеден, но капетанот одлучил да отстапи од идеалната рута. Компанијата информира дека бродот на 17 спратови се превртел поради необјаснива грешка на капетанот Франциско Скетино, кој беше уапсен во саботата.

„Направил маневар што не бил одобрен од нас и ние се оградуваме од таквото однесување“, изјави шефот на компанијата Пјер Луиџи Фоски и додаде: „Ако имало технички проблем алармот ќе се вклучел. Немаше проблем со безбедноста на бродот“. Од компанијата оценија и дека членовите на нивниот екипаж се однесувале како херои.

Schiffsunglück Costa Concordia

Компанијата го обвини за несреќата капетанот на бродот

Во меѓувреме италијанскиот министер за животна средина Корадо Клини повика на итни акција за спречување еколошка катастрофа на местото на несреќата. Кон неговиот апел се приклучи и локалниот градоначалник, кој предупреди дека бродот претставува „еколошка темпирана бомба“.

Градоначалникот изрази надеж дека ќе бидат пронајдени повеќе преживеани лица. Акцијата за спасување денеска беше определено време запрена, поради тоа што бродот се поместил од карпата на која бил превртен и поради тоа што метеоролозите најавиле невреме. По подобрувањето на временските услови спасувачките екипи  продолжија да работат во многу опасни услови, бидејќи палубите на бродот се навалени под агол од речиси 90 степени.

Тие трагаат по 15-ина патници, меѓу кои има Италијанци, Американци и Французи. За време на несреќата, што се случи при удирање во карпи вечерта на петок 13-ти, на бродот имало 4200 патници.

Автор: Александар Методијев /афп/ројтерс/ап

Редактор: Симе Недевски

DW.COM