1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжува собраниската дебата

Во македонскиот парламент продолжува дебата за самораспуштање. Главната дилема меѓу пратениците е дали вонредните избори ќе ги попречат текот на евроатланските интеграции.

default

Собранието во Скопје

Дебатата за самораспуштање на парламентот и денеска не попушити во острината на политичките оценки и полемики, иако пратениците дебатираа во текот на целата ноќ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, се за предвремени избори, пратениците од опозицијата во принцип сакаат нови избори, но ја обвинија власта за подготвување изборни фалсификати со одбивањето да се прецизираат изборните правила.

Главната дилема околу која се води дебата во Собранието е дали со вонредните избори се испуштаат шансите за влез во НАТО, ЕУ и решавање на спорот со Грција.

Се очекува денеска попладне (11.04.08) пратениците да донесат одлука.