1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжува процесот против НСУ

Во покраинскиот суд во Минхен денеска (14.05) продолжува процесот за убиствата и нападите на терористичката НСУ. Дали овојпат ќе биде прочитано обвинението е неизвесно.

Вториот ден од судскиот процес во Минхен веројатно ќе почне онака како што заврши првиот ден - со обрабоtка на барања. Барањата на одбраната на обвинетата Беате Чепе (на фотографијата) и на осомничениот поддржувач на НСУ Ралф Воллебен за изземање на судијата поради пристрасност се одбиени, но се очекува да следат нови барања.

Сојузниот обвинител Херберт Димер смета дека и денес е можено да дојде до одлагање на читањето на обвинието: „За нас не би било изненадување ако има натамошни барања“, рече тој.

Одбраната на Беате Чепе би можела да поднесе нови барања на пример за да постигне ново одлагање на процесот. Тие барања би можеле, на пример, да се однесуваат на политиката на информирање на обвинителството во однос на одбраната, на која адвокатите на Чепе се жалат подолго време.

Одбраната смета дека не е доволно информирана

Волфганг Хеер, еден од тројцата адвокати кои ја бранат обвинетата Чепе, вели: „Во текот на целиот процес на истрагата јавноста беше побрзо и подетално информирана за резултатите од истражните дејства, отколку што на одбраната и‘ беше дозволен увид во актите.“ Обвинителството ги демантира ваквите обвинувања.

Одбраната на Чепе можеби ќе ја тематизира и распределабата на местата за новинари во судската сала.

Значи, прашање е дали денеска ќе дојде до читање на обвинението. Неговата содржина пак, е позната. Oбвинителството вели дека Беате Чепе не била само помошник во серијата убиства извршени од страна на ќелијата Националсоцијалистичко подземја (НСУ), туку сакала убиствата да бидат извршени и затоа е соучесник во злоделата, вели обвинителството.

Адвокатката на Öепе, Анја Штурм, пак, оценува дека нема докази оти 38-годишната обвинета била соучесник во убиствата за кои се товари НСУ. „Обвинителството, според наше мислење, конструираше случај кој нема да може да го докаже во главниот претрес“, нагласи Штурм.

Инаку, се смета дека НСУ во периодот од 2000 до 2007 година извршила десет убиства - убиени се девет лица со странско потекло и една полицајка. Ќелијата е разоткриена дури во 2011 година.