1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Продолжува потрагата по турски инвеститори

Македонскиот владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, денеска (30.01) во Турција продолжува со претставувањето на можностите за инвестирање во Македонија.

default

Премиерот Никола Груевски го предводи т.н инвестициско „Роуд шоу“ во Турција

Вчера премиерот и владиниот тим имаа и деловна вечера во Истанбул со претставници и претседатели на 120 турски компании. Од Турција може да се очекуваат инвестиции во производството на автомобилски делови, информатичко-комуникациската технологија, земјоделството и преработката на храна, медицината, енергетиката, туризмот, градежништвото и инфраструктурата.

Груевски на вечерата во Истанбул посочи дека меѓу Македонија и Турција постојат одлични односи и на политичко и на економско поле. Тој ги повика турските бизнисмени да ја посетат Македонија и да инвестираат во неа.

Mazedonien Flughafen Alexander der Große eingeweiht in Skopje

Новиот аеродром во Скопје е турска инвестиција

„Ве поканувам да не‘ посетите и лично да се уверите во поволната бизнис клима во нашата земја и искрено се надевам дека Македонија ќе биде вашиот следен избор како дестинација за водење бизнис“, рече премиерот Груевски, ветувајќи им поддршка на турските бизнисмени во реализирањето на нивната бизнис идеја.

Груевски во Турција за годинава најави отворање на седум нови индустриски зони во Македонија.

Претседателот на Асоцијатацијата за надворешни економски односи Рони Јирчали посочи дека бизнис секторот од Турција ги следи реформите што се преземаат од страна на македонската влада.

„Вечерашната средба и презентациите што ќе ги одржите во наредните четири дена е историска можност за унапредување на економските односи“, рече Јирчали, додавајќи дека очекува инвестициите од Турција во Македонија наскоро да достигнат до 500 милиони американски долари. Според него, Македонија за турските бизнисмени е мостот кон Европа.

Во првите 9 месеци од минатата година приливот на капитал од Турција во Македонија изнесува 51,08 милиони евра, што покажува тренд на раст на инвестициите од оваа земја.

Автор: АМ/СН/миа

Редактор:Е. М. Фиданоска