1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжува неизвесноста околу заложничката драма во Авганистан

Во Авганистан сеуште владее неизвесност околу судбината на заложниците. Бранот грабнувања веќе ги покажува првите последици – хуманитарните организации почнаа да ги ограничуваат своите активности.

default

Јужнокорејски државјани во Авганистан

Судбината на заложниците во Авганистан и натаму останува неизвесна. 21 от Јужнокореанец, според зборовите на само именуваниот портпарпол на Тлибанците Јусуф Ахмади, сниоќа сеуште биле живи. На гласините дека е можно насилно да бидат ослободени грабнатите лица, портпаролот одговори со нови закани. Милитантите екстремисти биле подготвени, да спречат војската живи да ги ослободи заложниците.

Како Талибанците така и авганистанските власти, во меѓувреме дематираа дека е можно спроведување на таква акција.

Додуша во областа каде се држат заробени Јужнокореанците има авганистански војници, но насилно ослободување е премногу опасно смета и авганистанскиот министер за трговија Армин Фархан „Другата можност е да се зборува со локалните водачи кои можат да посредуваат. Авганистанската влада ќе се обиде да ги искористи овие средства.“

Вчера напладне по локално време измина уште еден ултиматум на киднаперите. Тие и натаму бараат ослободување на Талибанци од затворите во Авганистан. Во меѓувреме Владата во Сеул во соработка со САД се обидува самостојно да преговара.

Нема нови иформации ниту околу грманскиот државјанин. Според последните сознанија и натаму има интензивини напори за неговото ослободување.

Бранот киднапирања во Авганистан веќе ги покажува и првите последици. Поради актуелната ситуација хуманитарните организации ја ограниичуваат нивната работа, или ги зголемуваат безбедносните мерки. Генералот Дитер Варнеке, новиот генерал на Север на заштитнита трупа ИСАФ за тоа зазема став „Овие претставници на хуманираните организации кои овдека се киднапирани, ја заслужуваат заштитата на авганистанскиот народ, бидејќи се тука само за да му помогнат на народот.“ вели генерал Варнеке