1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Продолжува дебатата за криминалитетот кај младите во Германија

Што може да биде сторено против насилството од млади со странско потекло во Германија? Етнички или побргу проблем на социјално запоставените? Интезивна дискусија во пресрет на изборите во некои покраини по две недели.

default

Покраинскиот премиер на Хесен Роланд Кох ја поттикна сегашнава дебата

Сите партии во Бундестагот се против, но демохристијаните и натаму упорно бараат зголемување на највисоката казна за малолетници од 10 на 15 години затвор, а за оние помеѓу 18- и 21-ногодишна возраст да важи исклучиво казненото право за возрасни. Млади осудени на условна казна, според желбите на ЦДУ, би требало сепак кратко време да поминат в затвор – како предупредување, за да знаат како изгледа тоа. Конечно, ЦДУ бара протерување на младите насилници со странско потекло веќе при казна затвор од една година, а не како досега со тригодишна затворска казна.

Шефот на парламентарната фракција на социјалдемократите Петер Штрук, за кого ова е индискутабилно, и’ се обрати на Ангела Меркел: „Ја повикувам да се врати во улогата на шеф на владата, а не да дејствува како шеф на ЦДУ“. За барањата на ЦДУ Штрук нагласи: „Не е решавачка заканата со казна, туку превенцијата. Надлежните покраини треба да вработат повеќе судии, повеќе социјални работници и да воведат многу други мерки на профилакса. Тоа требаше да биде сторено пред да се започне да се зборува за промени на сојузното законодавство“.

Критиката е насочена пред се’ Роланд Кох, премиер на покраината Хесен, во која претстојат избори. Барањето за построги казни тој го направи своја главна предизборна тема. Сега е во дефанзива, откако се дозна дека токму во Хесен најдолго траат судските постапки против малолетници. Во деветте години на власт во покраината, тој укина многу работни места на судии и полицајци.

Реакции на организации и здруженија

Здруженија на доселениците се огорчени поради тоа што Кох пред се’ ги истакнува кривичните дела на младите со странско потекло, иако криминалот е подеднакво раширен и меѓу германските млади кои имаат понизок образовен и социјален стандард. Гинтер Пининг, повереник за прашања на интеграцијата на градот-покраина Берлин , смета дека од решавачко значење е да им се даде перспектива на младите мигранти кои растат во тешка социјална ситуација, за воопшто да не дојдат во судар со законот.

Организацијата Бел прстен, која ги застапува жртвите на злодела, пак, предупреди од минимизирање на проблемот од страна на здруженијата на мигрантите. Државата миора да реагира како превентивно, исто така и репресивно, инаку со децении ќе се соочува со проблемот, смета организацијата.

Петер Штицле