1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Продолжуваат штрајковите во Грција

Синдикатите во Грција за денеска повикаа на нов 48-часовен генерален штрајк против владините мерки за штедење. На протести излегуваат наставниците, новинарите, државните службеници...

Во Грција продолжуваат штрајковите во државниот сектор, образованието, општинската администрација и осигурителните компании против планираните масовни отпуштања од работа и прераспределби на државните службеници, кои се поставени како услов од меѓународните кредитори на земјата за добивање финансиска помош.

Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) за денеска најави 48-часовен штрајк на наставниците. Од 10 до 13 часот работата ќе ја прекинат и новинарите, а во протестот ќе се вклучат и даночните инспектори и пилотите. Во нов петдневен штрајк излегуваат и вработените на универзитетите.

Од вчера 48-часовен протест започнаа професорите во средните училишта, вработените во осигурителните компании и општинската администрација. Протестите се последица на договорот меѓу Владата во Грција и меѓународните кредитори до крајот на овој месец да бидат прераспределени и отпуштени од работа 12.500 државни службеници, а до крајот на годинава вкупно 25.000. Во период од осум месеци тие ќе добиваат 75 отсто од платата, а доколку бидат префрлени на друго работно место, ќе бидат отпуштени. Претстојните намалувања на бројот на државните службеници е многу алармантна состојба во Грција, каде невработеноста веќе достигна рекордни 28 проценти.