1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжуваат судирите во северен Либан

Денеска во северен Либан продолжија судирите меѓу безбедносните сили и исламиските екстремисти. Во вчерашните жестоки престрелки во градот Триполи загинаа најмалку 50 лица а повредени беа повеќе од 90 . Според последните извештаи либанските сили за безбедност ја контролираат ситуацијата во градот по 12 часовните борби. Судирите избија откако полицијата изврши потрага по осомничени ограбувачи на банка во еден логор со палестински бегалци.