1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжуваат сојузничките напади врз Либија

Меѓународната коалиција и денеска продолжи со воениот притисок врз режимот на полковникот Моамер Гадафи во Либија, додека паралелно се бара политички излез од операцијата која би можела да се искомплицира.

default

Коалицијата синоќа го нападна градот Злитен, оддалечен 160 километри источно од главниот град над подрачјето Ал Ватија и ја бомбардира воената база во Таџир, предградието на Триполи. Неколку воени бази се сместени во ова источно предградие на главниот град кое е секојдневно мета на напади на коалицијата од почетокот на операцијата во Либија од 19 март. Националната телевизија објави претходно дека цивилни и воени цели во Злитен се мета на бомбардирање на „колонијалистичкиот агресор“.

Подрачјето кај Ал Ватија во кое се наоѓа воената база исто така е мета на ракети со долг домет, додава телевизијата. Вчера либискиот режим изрази подготвеност да го прифати планот на Африканската унија кој нуди прекин на судирите и отворање на дијалог меѓу Либијците како претходници на демократската транзиција. Како што се ближи самитот предвиден за во вторник во Лондон, францускиот претседател, Никола Саркози, најави француско-британска иницијатива за политичко решавање на судирот.

Libysche Rebellen in Ajdabiya NO FLASH

Либиски бунтовници во Аџдабија

Продолжуваат борбите околу Аџдабија

Во текот на последните часови, ловците-бомбардери на коалицијата извеле серија напади врз позициите на силите на Гадафи во градот Аџдабија. Искористувајќи ја поддршката, бунтовниците презедоа офанзива и повторно продреа во тоа стратешко место, 160 километри јужно од Бенгази.
Приврзаниците на Гадафи во петокот продолжија да го бомбардираат Мисрата, 200 километри источно од Триполи, рече сведок и истакна дека се убиени една мајка и нејзините четири деца. Во четвртокот лекар од болницата во Мисрата утврди дека има 109 мртви и 1.300 ранети за една недела.

САД соопштија дека испалиле 16 Томахавк ракети врз либиски цели во текот на последните 24 часа. Коалициските авиони извеле 153 полетувања, од кои 67 американски и 86 на земјите членки на коалицијата. Полковникот Гадафи, кој e на власт е речиси 42 години, од 15 февруари се соочува со бунт во кој загинаа повеќе стотици лица, а 300.000 беа приморани да избегаат. Вчера Гадафи соопшти дека ги унапредува сите припадници на своите вооружени сили, поради нивните херојски борби.

Автор: ЖА/макфакс
Редактор: Борис Георгиевски