1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжуваат протестите на критичарите на рускиот претседател Владимир Путин

Критичарите на рускиот претседател Владмир Путин денеска се собираат на протести во Санкт Петерсбург.

Руски специјалци го апсат опозиционерот Гари Каспаров

Руски специјалци го апсат опозиционерот Гари Каспаров

Движењето „Поинаква Русија„ првобитно сакаше протестната поворка да мине низ центарот на градот, но маршот беше забранет. Демонстрациите можат да се одржат само на одреденото место. Спроти демонстрациите повторно имаше апсење на приврзаници на опозиционерите, слично како и вчера во Москва, каде специјалните сили ги претепаа мирните демонстранти.

На плоштадот Пушкин, како и во околните улици имаше силно и видливо присуство на припадници на специјалните сили на руското министерство за внатрешни работи, ОМОН. Тие без потреба применија сила врз мирните демонстранти, сведочи пратеникот на Думата од редовите на Либералната партија Николај Ришков.

„Страшни нешта се случуваат пред моите очи, војници на ОМОН тепаат луѓе, дури и жени и пензионери, иако тие намаат ништо в раце, ни плакати, ниту пак извикуваат пароли. Ова е беззаконие...„

Луѓето што се собраа претходно на плоштадот навистина беа мирни и не провоцираа:

„Овде сме затоа што нигде инаку не можеме да си го кажеме мислењето. Телевизијата веќе не може да се гледа оти се‘ е диригирано од Кремљ. Се вративме на состојбата од 90-тите години„ – изјави една од демонстрантките.

„Имаше соопштение во интернет дека денеска овде ќе има демонстрации, но потоа сите интернет страни беа затворени и не знаеме дали Каспаров воопшто ќе се појави„ – појасни едно момче.

А една млада жена доде:

„Овде сум затоа што знам дека нашите основни права не се почитуваат. Каспаров е чесен човек и тој се грижи за нас и тоа е многу важно.„

Таквата мирна атмосфера меѓутоа не потраја долго, специјалците со палки се втурнаа во демонстрантите. Стиснати меѓу кордони на специјалците демонстрантите подоцна дознаа дека Каспаров, кого сите го чекаа, нема да се појави бидејќи бил уапсен. Критчарот на Путин по пуштањето на слобода и платената казна од 1000 рубљи за учество на неодобрена манифестација во едно интервју ја објасни ситуацијата:

„Се шетав со една група луѓе по тротоарот, немавме никакви плакати, само одевме мирно кон метрото. Одеднаш не опкружија единици на ОМОН и рекоа дека имаат наредба да не‘ уапсат.„

Меѓу уапсените беа и други опозиционери, се‘ на се‘ околу 250 лица.

Поврзана содржина