1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат преговорите

Посредникот во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц продолжува со напорите за наоѓање компромис.

default

Посредникот Нимиц

Медијаторот во Њујорк прво го очекува македонскиот преговарач, Никола Димитров, а потоа на одделни консултации ќе патува и грчкиот амбасадор, Адамантиос Василакис.

Властите во Скопје се речиси едногласни и велат дека е клучно прашањето за зачувување на македонскиот идентитет.

Непосредно по Димитров, во САД ќе отпатува и шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, кој треба да има средба со американската колешка, Кондолиза Рајс.