1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Продолжуваат преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

Средба меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ заврши. Преговорите за учество на ДУИ во владата продолжуваат утре.

Скопје

Скопје

Преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат. Муса Џафери претставникот на ДУИ изјави дека неговата изјава за посегнување по калашњикови доколку ДУИ не биде дел и од идната влада била извадена од контекст.

Разговорите меѓу двете партии инаку запреа токму поради изјавата на Муса Џафери дека ако ДУИ не влезе во власта е можен бунт со калашњикови. ДУИ останува на ставот дека мора да биде дел од новата влада бидејќи освоила повеќе гласови од ДПА. Меѓународната заедница повика на мирно и конструктивно формирање влада без никакви закани. Американската амбасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ не очекува проблеми „Не предвидувам дестабилизација на Македонија. Мислам дека не се соочувате со какво било нарушување на стабилноста. Ова е период на тензии кога се формира коалициона влада. ДУИ е партија што се трансформира во изминатите четири – пет години, и одлично функционираше во владата четири години спроведувајќи го Охридскиот договор, работејќи на иднината на замјата како мултиетничка држава.“ изјави декнеска во Скопје амбасадорката Миловановиќ.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ; Никола Груевски ќе го добие мандатот за формирање влада утре во 13 часот. Се огласи шефот на државата Бранко Црвенковски. Се огради од толкување на правните дилеми кои ги отвори СДСМ дека мандатот не може да биде доделен пред да биде избран собраниски споикер и со тоа да заврши конститутивната седница на парламентот. За нормално функционирање на институциите најважно е владата да се формира што е можно побрзо, оцени Црвенковски и реши да го покани Груевски на средба на која ќе му биде врачен мандатот, соопшти кабинетот на претседателот.