1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат преговорите за името

Во Њујорк продолжуваат македонско-грчките преговори околу уставното име на Р. Македонија. Со медијаторот Нимиц и грчкиот претставник, Василакис, за првпат се среќава новиот македонски преговарач, Јолевски.

default

Медијатор Метју Нимиц

Македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, во Њујорк за првпат настапува во својата нова улога преговарач во грчко-македонскиот спор. Тој, според информациите, ќе ја застапува позицијата за двојната формула како решение на проблемот. По разговорите во Њујорк, се очекува Јолевски до крајот на неделава да допатува во Скопје, за да ги информира надлежните власти за текот на процесот. Засега не се очекува поместување на позициите на Атина и Скопје. Двете страни остануваат на официјалните позиции. Македонската страна инсистира на двојната формула, едно име што ќе се договори за билатерална комуникација со Атина и уставното за сите други, додека грчката страна бара да се најде едно име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба.

Во очи почетокот на изборната кампања пак, дел од кандидатите за претседател на Македонија деновиве во јавноста ги изнесоа своите ставови околу спорот за името. Кандидатите на опзоицијата, Љубомир Фрчкоски и Нано Ружин, ја критикуваа македонската позиција, спорот да се решава со присвојување на Александар Македонски или со т.н. антиквизација на македонското општество, термин којшто веќе се одомаќини во јавноста.

Професорот Фрчкоски предпуредува од опасноста да се продолжи со концепт, кој според него земјата ја води во изолација. „Коцепт кој ќе биде насочен кон Пакситан и Хунзите наместо кон НАТО, и ќе ја стави Македонија практично во ситуација на скапување, економско внатрешно скапување“ предупредува Фрчкоски.

Неговиот конкурент, Ружин, пак подвлекува: „На следниот самит на Алијансата земјата нема да добие покана за членство во НАТО.“ Според него уште еден лош предзнак за земјата е што американскиот претседател Барак Обама нема да ја посети Република Македонија за време на неговата турнеја. Тој вчера во Скопје разговараше со германската амбасадорка во Македонија, Улрике Мариа Кноц.

Ако се разбирливи критиките од професорите Љубомир Фрчкоски и Нано Ружин, изненадува најавата на професорот Ѓорѓи Иванов во улога на претседателски кандидат: „Конечно да го промениме ставот за многу прашања кон кои досега сме биле затворени и не сме сакале да ги споделиме тие работи со другите.“ истакна Иванов.