1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат преговорите за името

Денеска во седиштето на ОН продолжаaт преговорите за спрот околу името. Во очи новата средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, во Македонија се поизразени разликите меѓу претседателот и премиерот.

default

ОН во Њујорк

Посредникот Метју Нимиц како претставник на генерланиот секретар на ОН денеска во седиштето на Светската организација во Њујорк ги води завршните разговори со амбасадорите Никола Димитров и Адамантиос Василакис за решавање на грчко - македонскиот спор околу името.

Владата ќе форсира референдум

И додека во Њујорк продолжуваат преговорите, во Скопје преку јавна преписка македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, ги покажуваат личните и концепциските разлики за решавање на спорот со Грција.

Претседателот го обвини премиерот за двојна игра, една за преговорите со Грција, друга со популизам пред македонската јавност. Премиерот го нарече Црвенковски неодговорен политичар, потврдувајќи дека владата ќе форсира референдум какомодел, граѓаните да решат дали да се смени името за членство во НАТО.

Дел од опозицијата веднаш реагираа, Јани Макрадули од СДСМ рече „Самиот премиер кој е власт, заговара референдум, значи тој договорил промена на името со некого. “ Топузвовска од ЛДП пак вели „ Ако нема капацитет оваа влада, тогаш Груевски нека го врати мандатот.“ Резерви и околу непосреднотот изјаснување покажа и еден од владините коалициони партнери. Анастасовски од НСДП истакна „ Република Македонија е влезена, сакале или не во процесот на преговори за компромис со Република Грција.“

Најавите за референдум ја поделија и експертската јавност

Професор Јове Кекеновски истакнува „Ако некој сакаше да има референдум, веќе две години е на маса тоа прашање, и знаеше дека Грците нема лесно да се откажат од барањето за промена на името, и имаше можност да побара спроведување на референдум.“

Професор Даскаловски, политиколог од правниот факултетет пак со став „Ако дојдеме до ситуација да бираме меѓу иднетитет Република Македонија, Македонци и нешто друго, многу е логично да одиме на референдум.“

Во јавноста се отвара и дилемата како ќе се спроведе евнтуалниот македонско - грчки договор: со ратификација од Парламентот, со одлука на владата или со претходен референдум?