1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат преговорите во Њујорк

Во Њујорк се оддржува нова средба за решавање на грчко - македонскиот спор околу името. Грција сака да ги одложи преговорите додека не се формира новата македонска влада.

default

Поранешна средба на Нимиц со Димитров и Василакис

И покрај грчките обиди да се закочат преговорите, за медијаторот Метју Нимиц, средбите што ги има деновиве со грчките и македонските претставници значат продолжување на разговорите со цел да се најде решение за спорот со името.

На вчерашната средба што ја имаа амбасадорот Никола Димитров и шефот на кабинетот на македонскиот премиер, Мартин Протуѓер со Метју Нимиц биле разговарани и модалитетите како да се одвиваат преговорите во текот на наредните неколку недели.

Нимиц не се откажува од посета на регионот

Специјалниот пратеник Нимиц се’уште има план на крајот на јуни да допатува во Скопје и Атина и да се сретне со највисоките државни претставници на двете земји.

Позицијата на грчката влада, дека не треба да се преговора се’ додека Македонија не се стабилизра и формира нова влада, формално ја потврди и портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, кој во изјава за грчките медиуми го објави она што неофицијално се најавуваше. Грција ќе ги блокира преговорите до почетокот на август додека не биде избрана новата влада. Претходно и преговрачот на Грција, Адамантиос Василакис, му ја пренел оваа порака на посредникот Нимиц.

Денеска преговорите продолужуваат со заедничка средба. Покрај Нимиц и преговарачите од двете страни, Димитров и Василакис, на средбата ќе учествува и шефот на кабиенот на премиерот Груевски, Мартин Протуѓер.

Инаку денеска грчките весници не пишуваат речиси ништо за преговорите, што се смета за дел од стратегијата на Атина, да се смири ситуацијата и преговорите да се прикажат само како технички консултации, а не како редовна рунда преговори кои замреа по самитот во Букурешт.