1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат преговорите во Њујорк

Преговарачот Никола Димитров во Њујорк се среќава со Метју Нимиц посредникот на ОН за спорот со името со Грција. Од Брисел стигнува повик за надминување на разликите.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и преговарачот во грчко - македонскиот спор Никола Димитров, синоќа (10.06.08) во Скопје одржаа консултативна средба, пред амбасадорот Димитров да замине во Њујорк на средба со посредникот Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Во кусото официјално соопштение по средбата се наведува дека на преговарачот Димитров му се дадени насоки и инструкции согласно државните интереси на Република Македонија.

Од Брисел министерот за надворешни работи Антонио Милошоски пак порачал дека договор со Атина е можен ако Грција не го оспорува правото на самоопределување како македонски народ кој зборува македонски јазик. Под такви услови властите во Скопје се подготвени за компромис околу името. Ова министерот го рекол откако добил јасна порака од евродипломатите дека одговорноста сега лежи во ВМРО ДПМНЕ, партијата која освои мнозинство гласови на парламентарните избори во Македонија.

Повикот за компромис околу името стигна и преку Словенија, на средбата на американскиот претседател Џорџ Буш со врвот на Европската унија.