1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжуваат преговорите во Брисел

*

И денеска продолжуваат преговорите околу реформите на ЕУ на самитот на врвот во Брисел. Претседавачот,германската канцеларка Ангела Меркел води и одделни разговори со шефовите на држави или влади во обид да се постигне компромис. Агенцијата Ројтерс јавува дека Јарослав Качински, премиерот на Полска, земја која пружа најголем отпор, изразил подготвеност да разговара за другите предлози и во случај да не биде прифатено нивното решение. Проблематична е и Велика Британија. Британскиот премиер Тони Блер е против посилна улога на ЕУ во надворешната политика и против влијание на Европската повелба на основни права врз националното законодавство во неговата земја.