1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Продолжуваат нападите

Најмалку десет израелски резервисти загинаа во ракетен напад на Хезболах врз северен Израел. Израелската армија соодветно одговара. Ќе донесе ли мир предлог резолуцијата која допрва треба да ја изгласа Советот за безбедност?

Се интензивираат ракетните напади

Се интензивираат ракетните напади

Израел ќе се брани и ќе спроведува офанзивна воена тактика се додека меѓународните сили не бидат распоредени во планираната тампон зона во јужниот дел на Либан. Заменик премиерот Шимон Перез смета дека ќе бидат потребни недели додека стапи на сила предлог резолуцијата на ОН околу која Франција и САД постигнаа согласност. Последните ракетни напади на Хезболах во кои загинаа десет израелци е доволен мотив за израелската армија да ги засили дејствијата:

„Мислам дека најважната работа не е јазикот на резолуцијата туку нејзината суштина. Да се има прекин на огнот во услови кога Хезболах ракетира цели во Израел е како да се зема аспирин против рак„ изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Незадоволни од текстот на резолуцијата се и либанските власти бидејќи во него нема повик за повлекување на израелските сили од јужен Либан. Владата на Синиора забележува дека не се повикува и на воспоставување контрола на ОН на граничното тромеѓе меѓу Израел, Либан и Сирија, кое е под израелска окупација. Советникот на либанскиот премиер Мохамед Шатах предупреди дека е потребен итен прекин на судирите

„ Потребен е итен прекин на огнот и воените операции. Ова трае веќе предолго. Мора да се запре итно и верувам дека советот за безбедност ќе реагира внимателно со цел да биде постигнат целосен прекин на огнот„

Инаку во текстот се бара целосен прекин на огнот и на двете страни и воспоставување на траен мир, по што би следувало распоредување на меѓународни мировни сили во јужниот дел на Либан. Сепак на Израел би му останало правото да изведува дефанзивни воени операции

Францускиот амбасадор во ОН Жан Марк Де Ла Саблиер се надева дека до понеделник или вторник ќе биде постигната согласност во советот за безбедност:

„ Мислам дека кога сите преку ТВ екраните гледаме што се случува во Либан и во некои градови во северен Израел мораме да дејствуваме итно и одговорно„

Американскиот претседател Џорџ Буш изрази задоволство од предлог резолуцијата но не прави илузии дека лесно ќе се стави крај на насилставата. Амбасадорот на САД во светската организација Џон Болтон:

„ Постојано повторуваме дека прекинот на огнот треба да биде во контекст на фундаментална трансформација на прашањето во регионот. Во спротивно едноставно ризикуваме повторување на вакви дејствија, без притоа да биде решен проблемот„ смета Болтон