1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжуваат мерките против „лажните азиланти“

Македонија ќе продолжи со реализација на активностите за натамошно намалување на бројката на македонски граѓани што бараат азил во европските земји, најави премиерот Никола Груевски. ЕУ препораките остануваат приоритет.

default

Македонскиот премиер Никола Груевски

Преку подобрување на економската состојба и натамошно информирање дека не можат да добијат азил заради тоа што не доаѓаат од земја во која има политички турбуленции или војна, македонската држава ќе продолжи со активностите за натамошно намалување на бројката на македонски граѓани што бараат азил во европските земји.

Покрај ова премиерот Никола Груевски денеска (27.12.2011) истакна оти е свесен дека ромската популација во земјата тоа го прави најчесто заради економски причини, и оти заради тоа се прават максимални напори да се подобри нивната економска состојба.

Antrag auf Erteilung eines Schengen-Visum Verschiedene Wege der Migration

На средината од месецов министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската унија се согласија да воведат механизам со кој се поедноставува повторното воведување на визи за земјите од кои доаѓаат голем број лажни азиланти, меѓу кои е и Македонија.

Препораките од ЕУ- приоритет во 2012

Премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на детската градинка во „25 Мај“, клон „Сонце“ во Гази Баба уште истакна дека владата во наредната година ќе остане фокусирана на сите препораки и забелешки кои беа наведени во Извештајот од Европската унија за во иднина да се забележи напредок во сите области, тргнувајќи од политичкиот и економскиот дел.
„ Извештајот е една насока како понатаму да работиме и ни дава нови идеи за прогрес, реформи, модернизација и подобрување, така што во тој правец, што се однесува до реформите, со силна диманика и темпо ќе продолжиме да работиме, како и досега и ако може и уште повеќе од тоа“, рече Груевски.

Автор:СН/БГ/миа/дв

Редактор: Борис Георгиевски