1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжуваат демонстрациите во Бурма

*

Во Бурма продолжуваат протестите против воениот режим. Според информациите во главниот град Рангун на улиците мирно демонстрираат околу 50.000 будистички монаси и граѓани. Тие поминале пред седиштето на опозиционата партија и домот на лидерот Су Кјус, носител на нобеловата награда за мир која се наоѓа во домашен притвор. Силите за безбедност според информациите не употрениле сила. Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс повика на демократија во земјата додавајќи дека на народот во Бурма му е потребна слобода. Демонстрациите за време на викендот во Рангун беа најмасовни во последните дваесет години.