1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжи средбата на ЕУ во Бремен

Министрите за надворешни работи на ЕУ на неформалната средба во Бремен денеска расправаат за Блискиот исток. Позитивните оцени на Израел за самитот на Арапската лига даваат основа за надеж, е речено на средбата. Арапската лига повторно понуди да го признае Израел, доколку се повлече во границите од пред 1967-ма година. Министрите ќе разговараат и за односот спрема новата палестинска влада, како и за атомскиот спор со Иран.

ЕУ побара од Иран веднаш да ги ослободи 15-те британски маринци. Нивното заробување претставува кршење на меѓународното право, оти тие се наоѓале во ирачки води, се вели во изјавата на 27-те министри за надворени работи од земјите на Унијата од нивната средба во Бремен.