1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Продолжи средбата во Маврово

Лидерот на ДУИ не пристигна денеска на меѓу партиската средба во македонското одморалиште , што ја организираат традиционално странските амбасадори во Македонија

Али Ахмети

Али Ахмети

Во одморалиштето Маврово денеска продолжи средбата на политичките партии од власта и опозицијата во Македонија, во организација на странските амбасадори во земјата . Се поизвесно е дека на состанокот нема да се случи посакуваниот дијалог меѓу лидерите на власта и на опозицијата, На средбата имено не присуствува лидерот на ДУИ , Али Ахмети.

Делегацијата на Демократската Унија за интеграција на денешната средба е предводена од партискиот претседател Рафиз Алити. Отсуството на Ахмети се должина големото незадоволство поради изјавите на премиерот Никола Груевски во кои тој поранешната ОНА ја означи како терористичка организација -истакна вчера членот на потпретседателството на ДУИ Џеват Адеми . Денеска во Маврово пристигнаа и останатите лидери и највисоки претставници на партиите од опозицијата. Вчерашниот ден пак мина во консултации и разговори меѓу партиите од власта и странските претставници во земјата .