1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжи Самитот на ЕУ во Лисабон

*

Денеска во Лисабон продолжи Самитот на ЕУ , и лидерите на земјите членки Унијата разговараат пред се за економски теми и за предизвиците на глобализацијата .

Тие доцна синоќа постигнаа согласност околу новиот Реформски договор кој во 2009 година треба да го замени пропаднатиот европски Устав. Договорот со кој се регулира идното функционирање на Унијата се постигна по пронаоѓањето на компромисното решение за барањата на Полска и Италија. Германската канцеларка Ангела Меркел, оцени дека постигнатата согласност претставува голем успех за Европа која во иднина ќе функционира многу подобро со новиот договор.

Португалското претседателство со ЕУ ова го оцени како победа за Европа и надминување на институционалната криза. За претседателот на Европската Комисија, Хозе Мануел Барозо, заклучоците од самитот покажуваат историско единство.