1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продолжен мандатот на меѓународните сили во Ирак

Советот за безбедност на ОН синоќа донесе одлука за продолжување на мандатот на меѓународните сили во Ирак предводени од САД за уште една година. Американскиот претседател Џорџ Буш кој денеска патува за Јордан на средба со ирачкиот премиер Нури ал Малики изјави дека нема да ги повлече силите од теренот се додека мисијата не биде завршена

Американски војници во Ирак

Американски војници во Ирак

160.000 војници во Ирак остануваат на теренот најрано до крајот на 2007 година по барање на владата на премиерот Нуриал Малики. Багдад побара продолжување на мандатот на силите на ОН додека ирачките сили за безбедност не бидат подготвени за преземање на одговорноста. Советот за безбедност смета дека ирачката влада има право на преиспитување на мандатот на мултинационалните сили на средината на наредната година и да побара намалување на присуството на голем број сили на своја територија. Ситуацијата во Ирак ќе биде главна тема на која денеска во Аман, главнот град на Јордан ќе разговараат американскиот претседател Џорџ Буш и ирачкиот премиер Нури ал Малики.

„ Ќе дискутираме за ситуацијата на теренот во неговата земја, нашите напори за префрлување на поголема одговорност на ирачките сили за безбедност, како и одговорноста на останатите нации во регионот за поддршка на безбедноста и сатбилноста на Ирак. Ќе продолжиме да бидеме флексибилни и ќе ги направиме неопходните промени за да успееме. Но има една работа која нема да ја направам. Нема да ги повлечам силите од борбеното поле пред мисијата да биде завршена„ рече Џорџ Буш

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан кој предупреди дека Ирак се наоѓа пред граѓанска војна, повика на вклучување на Иран и Сирија за решение на проблемот. Тој нагласи дека овој предлог во Вашингтон го изнела и комисијата под раководство на поранешниот американски министер за надворешни работи Џејмс Бејкер, која побара промена на стратегијата на американската политика кон Ирак.