1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продолжение на седницата за самораспуштање на Собранието

Пратениците денеска треба да решат дали Собранието ќе се самораспушти и ќе има предвремени избори. Претседателот Бранко Црвенковски им се обрати со оценка дека сега не е време за нови избори

default

Македонски парламент

Пратениците во македонското собрание до раните утрински часови дискутираа, без да успеат да дојдат до целта на седницата: одлука за самораспуштање на Парламентот и одржување предвремени избори. Во дебатата не учествуваа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, кои се за предвремени избори.

Пратениците од опозицијата сакаат нови избори, но ја обвинија власта дека подготвува изборни фалсификати со одбивањето да се прецизираат изборните правила.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на свое барање им се обрати на пратениците со укажување дека сега не е момент за одржување предвремени избори. Тој упати апел до политичките лидери дека има време за избори, а клучните и историски одлуки како и шансите не се враќаат.

Пред земјата во овој период има многу отворени прашања, како спорот со Грција околу името, кој треба да се реши,а ако се распушти Парламентот нема да може да расправа за ставот на Македонија во преговорите за името,укажа Црвенковски.