1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Продолжение на кошаркарската приказна

Европското првенство во кошарка е на прагот. Репрезентацијата на Македонија во Словенија патува во одбрана на престижното 4-то место од последниот шампионат во 2011-та во Литванија.

default

Височините, кои ги достигнаа кошаркарите во Литванија сеуште ја греат македонската спортска јавност. Блескави настапи, величествени победи над Грција,Хрватска, Литванија, битка за медал, спортска еуфорија предизвикана во цела Македонија, потоа квалификациите за пат на Олимпијадата, сето тоа се прераскажува во изминатите две години. Македонија влегува во одбрана на дострелот од пред две години.

„Македонската репрезентација подготвена патува во Словенија. Работевме напорно во последниот месец и половина. Играчите се залагаа и планираното мислам дека успеавме да го оствариме. Едвај чекаме првенството да започне.

Eurobasket 2011 Viertelfinalespiel Mazedonien Litauen

Бо Мекејлеб

Ќе дадеме се од себе“, вели селекторот Алеш Пипан.

Успешни подготовки

Добрата физичка подготвеност, големиот број на контролни натпревари, уиграноста... беа факторите за успех пред две години. Слична подготвителна стратегија на националниот тим беше применета и за претстојното Европско првенство. Директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски е задоволен од реализираното:

„Подготовките минаа во најдобар ред. Како кошаркарска федерација се трудевме да обезбедиме максимални услови.“

Силните селекции на Шпанија, Литванија, Хрватска беа противници на Македонија во подготвителната фаза. Имаше повеќе порази одошто победи. Сепак, турнирот во германскиот Улм, победите над Германија, Грција и Босна и Херцеговина ја подгреваат атмосферата во јавноста. Старото друштво предводено од Антиќ, Меккејлеб, Илиевски, Чековски, повратникот во репрезентацијата Гечевски...веќе созреаните Самарџиски и браќата Стојановски е соочено со нов предизвик:

„Ќе дадеме се од себе на секој натпревар и се надевам дека повторно ќе успееме да ја израдуваме нашата нација“, ветува македонскиот центар, Предраг Самарџиски.

Прва цел, влез во вториот круг

Македонија на Европското првенство ќе е дел од „Б“ групата во Јесенице со Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија. Првите три екипи од секоја група обезбедуваат пат во втората фаза од првенството. Кои би биле реалните очекувања од настапот во Словенија?

Mazedonien Basketball Nationalmannschaft

Од пречекот на македонската репрезентација во Скопје во 2011.

„Очекувањата на јавноста и на навивачите се високи. Така и треба да биде после успехот во Литванија. Ова е европско првенство на кое најмалку 20 репрезентации очекуваат да освојат медал! Нормално е дека треба да одиме на победа на секој натпревар, но чекор по чекор. Не треба да се прават големи планови, нашиот прв план е влез во вториот круг. Потоа ќе видиме, бидејќи следат нови противници“, за Дојче веле објаснува селекторот Алеш Пипан.

Првиот противник на Македонија на 38-то Европско првенство е селекцијата на Црна Гора на 4 септември. Македонските кошаркари по традиција ќе ја имаат поддршката и од трибините. Според проценките, на пат за Јесенице се подготвуваат околу илјада македонски навивачи.