1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Продлабочено сојузништво

Македонија и САД ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство и соработка. Потписот на документот во Вашинтон го ставија министрите за надворешни работи на двете земји, Кондолиза Рајс и Антонио Милошоски.

default

Кондолиза Рајс вети продолжување на поддршката за Македонија

Декларацијата содржи три основни елементи. Првиот се однесува на јакнење на соработката во областа на трговијата и економијата, вториот е во рамките на безбедносниот сектор и третиот е за изнаоѓање на поконкретен начин за доближување и поинтензивни контакти на општествено ниво меѓу Македонија и САД. Министерката Рајс по средбата изјави дека САД и понатаму ќе продолжи силно да го поддржува зачленувањето на Македонија во НАТО и се надева на скоро решение на спорот околу името со Грција. За министерот Милошоски овој документ има историско значење.