1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продлабочена кризата во извршната власт на БиХ

*

Претседателството на Босна и Херцеговина денеска ќе одржи итна седница по оставката на претседателот на Советот на министри на БиХ, Никола Шпириќ. Со оставката на Шпириќ поднесена вчера, ексалираше кризата во Босна и Херцеговина. Советот на министри е практично во технички мандат, се‘ додека не бидат избрани нов претседател и состав на овој извршен орган на земјата. Шпириќ е претставник на српскиот ентитет во извршната власт. Оставката се поврзува со протестите во Република Српска поради измените на уставот, што ги предложи меѓународниот претставник, Мирослав Лајчак.