1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Проди повторно на чело на италијанската влада

Кризата на италијанската влада е надмината: премиерот Романо Проди и неговиот кабинет вчера добија тесно мнозинство во горниот дом на Палемантот.

До кога ќе може да се смее? Италијанскиот премиер Романо Проди

До кога ќе може да се смее? Италијанскиот премиер Романо Проди

За него гласаа 162 сенатори, само двајца повеќе од неопходното апсолутно мнозинство.

„Многу сум задоволен, сега мораме да добиеме поддршка уште во долниот дом на парламентот„ – изјави синоќа премиерот Романо Проди. Таму меѓутоа неговата коалиција на левиот центар располага со доволно мнозинство. Спроти утрешното гласање шефот на социјалистите Пјеро Фасино порача: нема алтернатива за владиното мнозинство на сојузот партии од левицата и центарот.

Од противничкиот конзервативен табор на поранешниот премиер Силвио Берлускони дојдоа остри критики на сметка на владата на Проди. Оваа влада е мртвороденче, бидејќи нема стабилно мнозинство за дејствување, нагласуваат повеќемина политичари на десницата.

Вистина е дека на вчерашното гласање во Сенатот тенкото мнозинство за Проди се состоеше од повеќемина независни сенатори со доживотен мандат, како и еден христијанско-демократски пратеник во Горниот дом. Тоа значи дека реално погледнато Проди не располага со доволен број гласови од сопствениот табор. Двајцата сенатори од комунистичката партија, кои патем и ја предизвикаа владината криза минатата недела, најавија дека ќе го поддржат премиерот на гласањето за доверба на владата, но подоцна повторно ќе гласаат „против„ кога ќе станува збор за ангажманот на италијански војници во Авганистан. Проди пак најави дека не сака да се откаже од таа воена мисија, со што следната владина криза е тукуречи прашање на време.