1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продажбата на банката ЗаксенЛБ неопходна

*

Премиерот на германската покраина Саксонија, Георг Милбрадт по жестоките критики на опозицијата поради продажбата на покраинската банка ЗаксенЛБ, изјави дека трансакцијата била неопходна за да се избегнат натамошни загуби. Тој ги отфрли барањата на опозицијата за оставка. Банката ЗаксенЛБ падна во криза поради скандалот со недвижности во САД. Таа во текот на викендот беше продадена на покраинската банка Баден Виртемберг, која итно исплати 250 милиони евра. Точната цена за купувањето на ЗаксенЛБ треба да биде позната до крајот на годината.