1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Продавниче или супермаркет, прашање е сега!

Во Индија има околу 12 милиони трговци на мало, кои имаат околу една милијарда муштерии. Индиската влада долго им го попречуваше влезот на странските синџири на супермаркети на индискиот пазар. Сега работите се менуваат.

default

Мукеш е трговец со овошје во Васант Кунџ, една населба во Њу Делхи. Манго, јаболка, банани- се‘ што посакува жената што купува, а со која Мукеш се ценка. Трговците на мало се нормална појава во Индија - се смета дека во огромната земја има околу 12 милиони вакви трговци. Меѓутоа, индиската трговија на мало доживува револуција. Стоковните куќи и супермаркетите се во експанзија, тие се насочуваат кон купувачите од средниот слој.

Директно наспроти штандот на Мукеш, се гради еден модерен трговски центар. Повеќето од продавниците се се’ уште празни, но и покрај тоа трикатната филијала на индискиот синџир на супермаркети утрово е добро посетена.

Laden mit Waren aus Indien in München

Ситните трговци опстојуваат на свој начин

„Овде ќе добиете се’ што посакувате. Јас тука купувам се’ што ми е потребно за домаќинството“, се фали една жена. Таа овде купува редовно. Можеби заради тоа што ова место Индијците го сметаат за многу шик и модерно.

Конкуренцијата е здрава

Досега се направени само синџири на продавници по терк на западните. Против нив се протестира уште од самото нивно настанување. Активистите сметаат дека приходите на повеќе од 50 милиони луѓе се загрозени. Повеќето трговци во малите продавници во пасажот гледаат опуштено на конкуренцијата од супермаркетите: „Кога два пазари стојат еден до друг, тогаш има повеќе потенцијални муштерии. Доколку на едно место не добијат што им треба, одат на друго. Така и двата пазари бележат профит“, вели заменик-шефот на Здружението на трговци.

И трговецот со овошје Мукеш го дели ова мислење. Супермаркетот што се наоѓа спроти неговиот штанд не му нанесол штети, вели тој: „Нашата стока е многу посвежа од онаа во Големиот пазар.“

Metro-Supermarkt in Indien

Големите супермаркети „доаѓаат“

Една од купувачите кај него потврдува: „Овде купувањето е покомфорно, зашто таму има голема турканица на касите. Тука оди побрзо, а и квалитетот е подобар.“

Волшебната формула гласи - специјализација и модернизација

Некои трговци во пасажот признаваат, дека на почетокот биле нервозни: „Супермаркетот има многу акции со попусти, што на почетокот многу не‘ загрижи“, вели еден слаткар. Сепак, неговите муштерии се вратија, без тој да мора да ги намали цените.

Една жена што поседува продавница за материјали има сосема друго мислење: „Економската криза и супермаркетите ми го намалија привремено прометот за 20 проценти.“ Сепак, таа ја реновира својата продавница и се залага за квалитетот на стоката. Специјализацијата и модернизацијата, според неа, се рецептот за да се преживее.

Автор: Сабина Матај / Дана Трајчев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска