1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Продавница за левучари

Левучарката Франциска Шмит им го олеснува животот на луѓето слични на себе - продава производи наменети за левучарите. Бизнисот и‘ оди добро.

Франциска Шмит во животот прави се‘ со лева рака, поинаку не може.

„Многумина велат дека изгледа смешно. Но, јас уште како дете бев левак и не ме одвикнуваа. Можам да работам само со левата рака. Не можам ни да се претставам да правам нешто со десната рака“, вели Франциска.

Пред четири години Хамбуржанката доби идеја да основа фирма за онлајн испорака на производи за левучари. Таа студираше билогија, а сега е експерт за левучари.

„Никој не ме силеше да не ја користам левата рака. Задоволна сум поради тоа, зашто кога нешто работам со десната рака, веднаш добивам болки во стомакот и не ми е добро“.

Тоа Франциска сака да им го заштеди на останатите левучари.

„Левучарите се многу радосни што конечно постојат производи за нив. Мене тоа

пак ми е задоволство, зашто целосно се идентификувам со производите за левучари“.

Франциска Шмит преку интернет продава повеќе од 300 производи. Двапати неделно таа продава и на тезга на пазар во Хамбург. Топ артикли и‘ се нож за лупење зеленчук, џебен нож, отворач за шишиња и ножици за сечење нокти.

Некои муштерии поминуват многу време на тезгата со невообичаени производи.

Бизнисот на Франциска Шмит оди добро, таа живее главно од постојани муштерии, но и од туристи. Тие често се чудат на нејзината понуда и пред се‘ на нејзините пронајдоци, кои радо ги објаснува:

„Но кога на пример ќе ја земам лажицата за црпење со левата рака, отворчето за истекување на течноста е на вистинската страна, така што левучарот може да тура навнатре, многу поедноставно отколку да ја врти црпалката нанадвор. “

И обичниот метар овде и поинаков.

„Се отвора обратно. Бидејќи го држам со левата рака, бројките се наоѓаат на вистинската страна“.

За учениците се барани пред се‘ острилките за моливи.

„Кај острилките сечилото е завртено обратно. Сакате да пробате?“ им објаснува и ги прашува Франциска муштериите.

Во меѓувреме Франциска има онлај порачки од цела Европа и дури и од Јужна Америка. Таа радо би сакала да има на понуда уште нешто:

„Фотоапарат за левучари, зашто копчето за притискање секогаш се наоѓа на десната страна, а левучарите би сакале да е на левата. Било кога би се зафатила со тоа“.

Франциска моментно ја организира селидбата во нови складишни простории, нејзиниот бизнис се шири.