1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Продавница Бревик-смислена провокација на неонацисти?

Во Кемниц постои бутик чии муштерии се главно десни есктремисти. Продавницата се вика Бревик, што многу потсетува на норвешкиот масовен убиец. Намерна провокација или не?

default

Продавницата со спорно име Бревик во Кемниц

Бревик е мал град во Норвешка и никој не може да стори ништо против тоа дека злосторникот кој минатото лето во Норвешка уби 77 лица има слично име: Бреивик. Тоа е значи само случајна сличност во имињата. Меѓутоа кога продавница односно бутик чии сопственици и муштерии се припадници на десничарската сцена ќе се нарече Бревик, тогаш најверојатно се работи за намерна провокација.

Барем така размислуваат повеќето граѓани и политичари од Кемниц. Катја Улеман портпаролка на градските власти вели: „Тоа е шокантно и целосно неприфатливо“. Градот, како што вели таа. ќе провери што може да се стори со правни сретства против споменатата продавница. „Такво нешто не сакаме овде“, нагласува Улеман.

Злогласниот Тор Штајнар

Sweatshirt Hausbesuche NUR FÜR FLIESSTEXT

Блузата со натписот „Домашни посети“

Во бутикот пред кој се одржаа протести поради името Бревик се продава облека од марката Тор Штајнар (Thor Steinar). Фирмата Медиатекс спорната марка ја продава преку интернет и во околу десет илјади продавници. Типично за марката Тор Штајнар е дека нејзината облека потсетува на воена функционална облека, дизајнот е „воинствен“. Поради тоа Тор Штајнар (беше) е омилена и во неонацистичките кругови. Поради честопати провокативните натписи на текстилот, фирмата во повеќе случаи беше предмет на истрага на државното обвинителство. Актуелен пример е блузата на кој под натписот „Hausbesuche“ односно „Куќни посети“ е втиснато огнено оружје.

Изворното лого на фирмата е забрането поради „користење на противуставни одбележја“ . Тор Штајнар за тоа лого користеше зборови со старо германско писмо- руни, кои во превод значеа „борба“ и „акција“. Новото преработено лого истотака користи руни, но овојпат станува збор за безопасни симболи, тврдат во државното обвинителство.

Тор Штајнар свесно се движи на границата меѓу легалното и илегалното. Симболите на фирмата и знаците кои ги користи на облеката упатуваат на „предхристијанскиот германски култ“ односно „глорификација на Вермахтовиот поглед на свет“. Ова се цитати на Службата за заштита на уставниот поредок во покраината Бранденбург, која јасно укажува дека „повеќе или помалку знаците се на границата на казнивост“.

Тор Штајнар веќе три години го бојкотираат некои неонацистички групации. Тие не сакаат да прифатат компанијата Медиатекс, на кој и‘ припаѓа овој бренд, да биде купена од арапски инвеститори. Тор Штајнар и натаму ја бие глас како десничарска „култна марка“. Кој ја носи таа облека не смее да влезе на многу германски фудбалски стадиони. И во германскиот парламент, Бундестагот, е забрането носењето на оваа марка.

Реакција на протестите на граѓаните

Deutschland Rechstextremismus Neonazi Aufmarsch Thor Steinar Kleidung

Германските неонацисти обожуваат да носат Тор Штајнар облека

Сопственикот на деловниот простор во Кемниц кој го изнајмил бутикот на Тор Штајнар тврди дека бил прелажан. Наводно нему не му било јасно кој го изнајмил просторот. И во некои други источногермански градови бутиците на Тор Штајнар наидоа на отпор кај граѓаните и таму сопствениците на недвижнините биле смислено изманипулирани. Во Магдебург и во Лајпциг тие пред суд побараа исфрлување на Тор Штајнар и продавниците беа затворени.

Негодувањето на граѓаните во Кемниц се чини веќе покажува резултати. Компанијата Медиатекс во меѓувреме издаде соопштение за медиуми во кое демантира дека е направен обид за намерна провокација со користењето на името Бревик. Сите бутици на Тор Штајнар, се вели, носат имиња на некој норвешки град. „Сличноста меѓу имињата Бревик и Бреивик во овој случај не била посакувана ниту пак требала да преставува провокација“, тврди претпријатието. Конечно ветено е дека името на бутикот „во догледно време ќе биде променето“ .

Автор: Дирк Кауфман/ Симе Недевски

Редактор: Ж. Ацеска