1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Програми како близнаци

Со каква платформа ќе настапат на предвремените избори во Македонија, двете најголеми партии на Албанците во земјата?

default

Американскиот национален демократски институт предложи кодекс за фер и демократски избори во Македонија, кој би требало да биде потпишан на осми мај, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања. СДСМ, како што најавува партијата, веќе има стратегија за претстојните предвремени избори, но ќе ја соопшти откако ќе биде усвоена од партиските органи. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, пак, изјави дека неговата партија ќе предводи коалиција што ќе биде и европска и патриотска. По изборите, пак, рече Груевски, неговата партија ќе префeреира да биде со албанскиот партнер со кој беше и досега. Како изгледаат работите кај двете најголеми партии на Албанците?