1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прогнози: Алиев доби трет претседателски мандат

На претседателските избори во Азарбејџан, според очекувањата, победи Илхам Алиев. Според прогнозите, Алиев освоил речиси 84 проценти од гласовите.

Реизборот на Илхам Алиев беше најавуван и не е изненадување. Противкандидатот на Алиев, Џамил Хасани, зад кој се обедини инаку расцепканата азарбејџанска опозиција, освоил само 8,2% од гласовите. Опозицијата обвинува дека се водела нефер кампања и дека имало манипулации на изборите. Организацијата за безбедност и соработка во Европа својата оценка за изборите ќе ја даде утре (10.10.).

Алиев во 2003 година ја презеде претседателската функција од неговиот татко Гајдар Алиев, поранешен шеф на локалното КГБ и член на советското Политбиро. Во 2009-та година тој на референдум ги укина ограничувањата за само два претседателски мандати, откако во 2008. година беше реизбран со 89 проценти од гласовите на изборите. Западните набљудувачи тие избори не ги оценија како слободни и фер.