1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Прогноза на ДИВ за германската економија

Германската економија оди повторно нагоре - во тоа се единствени сите економски стручњаци во земјата. Сепак, тие не можат да ги усогласат мислењата околу тоа - колкав ќе биде полетот во 2004-та. Германскиот институт за економско истражување - ДИВ, во своите прогнози традиционално е повеќе конзервативен, значи претпазлив. Денеска ДИВ ја обелодени својата проценка.

Германскиот институт за економско истражување очекува благ полет во 2004-та. По три години стагнација, претседателот на ДИВ, Клаус Цимерман, смета со пораст на бруто домашниот производ за 1,4%.
Мини полетот се должи на светската конјуктура, пред се' на полетот во САД. Бруто домашниот производ во САД годинава ќе порасне за 4%, смета ДИВ. Евро просторот каска зад САД, а Германија,пак, во тој евро-простор е во долниот дел на табелата. Причините ги објаснува експертот за конјуктура, Густав Хорн:

"Ахилова петица на конјуктурата во Германија останува приватната потрошувачка. Приходите на приватните домаќинства се преслаби, и покрај даночната реформа."

Најновите реформи на германската влада нема да донесат напредок вреден за споменување, критикува Хорн. Големата несигурност на потрошувачите доведува до тоа парите да бидат повеќе штедени, отколку трошени. Само со пресврт на пазарот на работна сила, таквата стуација би можела да се промени, но економските истражувачи годинава тоа не го очекуваат. Освен тоа, полетот е загрозен и поради превисокиот курс на еврото во однос на доларот. Курсот на еврото од 1,25 американски долари сеуште не е голем проблем за германското стопанство. Но, ако курсот расте, а денеска првпат ја достигна границата од 1,27 долари за едно евро, тогаш може да стане тешко.

"Гледаме дека вредноста се држи, а тоа значи дека Европската централна банка како последица на ваквата вредност мора да ги намали каматите."

Густав Хорн натаму вели дека оптоварување за конјуктурата е и Европскиот пакт за стабилност. Германија и Франција во 2003 година не ги задржаа зацртаните вредности на дефицит. Пактот има потреба од итна реформа:

"Таа реформа мора да биде таква што ќе исполнува два услови: прво, мора за цел да има долгорона консолидација на државните финансии и второ, треба да не биде штетна за конјуктурата."