1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Прогласена вонредна состојба во Грција

*

Според последните податоци, најмалку 54 лица ги загубија животите во пожарите во Грција, но бројот се уште може да порасне бидејќи уште десетина лица се водат како исчезнати. Неколку илјади луѓе се евакуирани од најпогодениот полуостров Пелопонез. Ситуацијата е влошена поради ветрот кој дополнително ги шири се уште активните пожари. Владата во Атина прогласи вонредна состојба и тридневна жалост. Полицијата уапси неколку лица за кои се сомнева дека ги подметнале дел од пожарите. Повеќе држави од ЕУ ветија помош во гаснењето на огновите. Помош понуди и Македонија. Ова лето во Грција се регистрирани над 3000 пожари и веќе е оценето како едно од најстрашните во изминативе неколку децении.