1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Проверка на малцинските права во Македонија

На хартија ги има,но како се почитуваат на терен малцинскте права во Македонија,испитуваше делегација на Советот на Европа

default

Дали малцинствата во Македонија ги уживаат нивните загарантирани права. Советот на Европа испрати тим од комитетот за национални малцинства во Скопје да провери како правата на малцинствата функционираат на терен. Како се спроведува правичната застапеност, дали ќе биде донесен закон за употреба на јазиците и закон против дискриминација. Колку пари од буџетот се издвоени за остварување на правата на малцинствата, беа дел од прашањата, што ги поставија европските експерти. Македонската страна одговори, напредок донесе рамковниот договор. Шефицата на ресорната парламентарна комисија Мери Младеновска рече:

„Овој договор овозможува зголемување на обемот на правата што ги имаат налцинствата или кај нас заедниците,со тоа што и во уставот на Република Македонија беа внесени со амандмани одредбите од Рамковниот договор.“

Но опозициската ДУИ се пожали дека некои малцински права се оспорени. Тахир Хани од оваа партија рече дека недоволно Албанци се вработени во државните служби

Побара со закон да се гарантира употребата на мајчиниот јазик во парламентот.

„Со донесувањето на овој закон ќе се решаваат многу проблеми,во спорот што постои во Парламентот и во цеосната употреба на албанскиот јазик како службен во Македонија.

Ружа Ѓоргеска од владеачката ВМРО ДПМНЕ со паралела на состојбата во другите земји се обиде да ја поправи сликата за Македонија што на странците им ја претстави ДУИ.

„Камо среќа и останатите земји да постапуваат така како што ние постапуваме во почитувањето на Рамковната конвенција за правата на малцинствата.“

Генералниот впечаток за малцинските права што европските експерти ќе го пренесат во извештајот за Македонија го претстави

Марија Лауристин од Советот на Европа:

„Слични проблеми има во многу земји во овој регион и на други места во Европа. Ние гледаме дека Македонија вложува многу напори. Ќе рапортираме што може да се научи од Македонија а што Македонија може да научи од другите земји. Секогаш има проблем меѓу добрата волја, законите и средставата што се на располагање за тие да се имплемантираат.“

Синоќа во Скопје допатува и германецот Волфганг Це, експерт за деловник и поранешен генерален секретар на Бундестагот. На домаќините треба да им го пренесе искуството како до поефикасен парламент со новиот деловник изготвен врз основа на германскиот.