1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Проверка за демократијата

Кризата во Кенија се заострува. Меѓународната заедница го зголемува притисокот врз владата и опозицијата во земјата. Коментар на Андреа Шмит

default

Кибаки во безизлезна ситуација?

Без сомнение: судирите во Кенија по објавувањето на изборните резултати се тежок удар за демократијата во земјата, но и за африканските држави воопшто. Имено Кенија важеше за пример и реформска држава во која економијата доживува бум. Освен ова земјата се наоѓа во многу чувствителен регион. Во борбата против тероризмот пак Кенија е важен сојузник на САД во регионот.
Меѓународната заедница не сака да го загуби овој сојузник и пример држава. Можеби и тоа беше причината што САД побрзаа да честитаат за слободните и фер избори. Во меѓувреме ги повлекоа нивните средечни честитки и заедно со ОН и ЕУ бараат мировно решение на конфликтот. Необично тивко реагираат пак мнозинството африкански држави - Африканската унија не посредува, а долгогодишниот владетел на Уганда Јовери Мусевени му честиташе на оспоруваниот изборен победник претседателот Мваи Кибаки.

Сепак: Барањето на меѓународната заедница за јавна и независна проверка на изборите резултати е исправна. Таа треба да се спроведе што поскоро и најдобро би било ако тоа го направи Африканската унија. Останува да се надеваме дека најавената посета на претседателот на африканската унија Џон Куфор, како посредник е само краткорочно одложена.

Потребен е меѓународен притисок Меѓународната заедница сега треба јасно да му стави на знаење на Кибаки, дека по манипуалцијата на избиорните резултати, од правен апсект не може да владее со земјата. А повикот на некои политичари, Кина да ја преземе посредувачката улога, земја којашто како и Европа, во Африка повеќе гледа лиферувач на сировини, е погрешен. Големи се и стравувањата дека немирите може да се префрлат и во други африкански држави, за кои Кенија со излезот на море, е важна транзитна земја. Од Кенија се зависни многу земји во регионот. За соседите станува збор за животно важни увози на растително масло, сол, брашно. Уганда, Руанда, Бурунди и Источно Конго преку Кенија добиваат и бензин. Во сите ови земји веќе постои недостаток на бензин.
Кибаки се доведе во една безизлезна ситуација, неповратно ја загуби неговата веродостојност. Расцепот меѓу многуте етнии мора да се затвори час поскоро за земјата да не пропадне во хаос. Мора да се зголеми и меѓународниот притисок врз Кибаки за да се спроведе независна проверка на изборниот резултат и ако е неопходно нови избори. Сепак не е се лошо во деновите по изборите: за натамошниот развој на Канија охрабрува резултатот од парламентарните избори. Со демократски средства жителите на Кенија им наплатија на политичарите од старата гарда за злоупоретбата на функцијата и корупцијата. Голем број ветерани не беа реизбрани на нивните функции.