1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Проблемите се решаваат со љубов, разбирање и почитување

Eксклузивно интервју за програмата на македонски јазик на Дојче веле на поглаварот на Македонската Православна Црква , Господин Господин Стефан.

default

„Проблемот меѓу македонската и српската православна црква е решлив денес, во овој момент, до колку имаме љубов, разбирање и почитување, до колку имаме разбирање дека сите имаат право како нас, да имаат своја црква и своја слобода, онака како што ја имаат сите други„. Ова го изјави поглаварот на Македонската православна црква Господин Господин Стефан во ексклузивното интервју за програмата на македонски јазик на Дојче веле.

Тој очекува промени во сегашната состојба на односите, зашто денес и не постојат односи со СПЦ. „Можеби треба да оставиме малку време да ни покаже волјата Божја кога е вистинското време за да се реши овој проблем. Оваа сегашна ситуација не ни доликува како на православни народи и цркви„, изјави Господин Господин Стефан.

Во врска со можните компромиси што би ги направила МПЦ, тој изјави дека МПЦ нема што да отстапува. „Името не може да го отстапи. Со секое други име би била безимена и не би била тоа што е. Други отстапки не можам да замислам, а се притиска врз името и статусот„.

Во однос на враќањето на луѓето кон црквата, тој оцени дека тоа е потреба на човекот, но смета дека црквата како да не е доволно подготвена за тој тренд, на пример во поглед на враќањето на веронауката во училиштата. Господин Господин Стефан оцени дека во Синодот состојбите се стабилизирани, односно постои единство за она што е суштинско во неговото работење, по периодот бранувања по отстапувањето на еден негов член.