1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Проблемите на трговијата на мало

Германија е презаситен пазар со се поизморено и се постаро население. Никакво чудо што од пред една деценија стагнира прометот во малопродажбата и се движи околу 380 милијради евра: во оваа бранша веќе не можат да се очекуваат големи стапки на пораст.

Со години, пред се малопродажбата во Германија стои во место. Посебно во центрите на градовите може да се забележи воздржаноста на купувачите. Порадо возат до големите “плати и носи центри“ надвор од големите градови. Класичниот концепт на стоковни куќи “се под ист покрив“ како да е на крајот. Има исклучоци, како модните стоковните куќи КАДЕВЕ во Берлин и Алстерхаус во Хамбург, каде што квалитетот и цените ги привлекуваат муштериите и каде што се уште има добивки. Меѓутоа, овој модел може да функционира само во метрополите каде што има доволно муштерии со посебни барања. Во помалите места во провинцијата овој концепт е мртов. Освен тоа, германската малопродажба долго време влечка и еден проблем на ефиканост: статистички гледано, на секој германски граѓанин доѓаат по 1,4 квдратни метри продажна површина. Кај германските соседи таа изнесува само половината. Во Англија на пример, од половината германска површина се постигнува трипати поголем промет. Со години функционерите на трговскиот сојуз бараат намалување на површините, но никој не ги слуша. Јоахим Кербер, шеф на трговскиот концерн Метро, за Дојче веле вели:

О-Тон Кербер

“Структурните промени се континуиран процес, што значи слабите конкуренти да отпаднат од пазарот, а успеваат концептите кои се во полза на клиентите. Тоа е континуиран процес. Вистина е дека ние во Германија имаме поголема продажна површина по жител од сите други земји на Европската унија, а тоа претставува голем притисок“.

Овој притисок има последици за центрите на градовите: до крајот на годинава се смета на 4 ипол илјади банкроти во што не се вброени и таканаречените тивки трошоци, а само во оваа година ќе бидат загубени 30 илјади работни места. Стагнантен промет, остарено население: кој сака и покрај тоа растеж има само две можности: промет за да може да купи или да замине на подинамични пазари. Метро го избра вториот начин и се раздели од активности кои не припаѓаат во суштината на бизнисот, и се шири во динамични пазари, на пример во Источна Европа или во Турција, или во Кина. Кога шефот на Метро Јоахим Кербер во наредната недела ќе ги соопшти резултатите од претходниот квартал, веројатно ќе мораат да се гледаат со лупа:

О-Тон Кербер

"Денес водиме дискусија за тоа дека големите ги бркаат малите од пазарот. А, мислам дека актуелната ситуација покажува дека тоа не се случува, туку ќе дојде до ситуација: бргу и бавно. Кој е во состојба бргу да спроведе концепти, кој побргу ќе стигне до клиентите и ќе ги задоволи нивните потреби – тоа е најважното. Тоа го можат и малите. Често е подобро да се биде мал“.

И Карштат не е мал, но избра погрешна стратегија и се обиде со тоа да купи промет. Со тоа влегуваше во се повеќе проблеми: од туристичката фирма Томас Кук, преку синџирот за кафе Штарбукс до фитнес центри. На концернот му припаѓаат 368 домашни и 92 странски фирми кој сега сака да се раздели од текстилниот синџир Син леферс, Вемајер, од спортската опрема Ранерспоинт и Голфхаус, како и од музичкиот синџир Ворлд оф Мјузик. Но, кој ќе ги купи? Има доволно други синџири кои подеднакво се на листата на понуди: фирмата за облека Адлер, синџирот за чевли Рено, фирмата за продажба на компјутери Вобис, а да не се заборави и синџирот за чевли Саламндер кој во почетокот на септември прогласи несолветност.