1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пробиштип со првиот аква-парк во Македонија

Градот на рударите Пробиштип од денеска (20.08.2011) ќе биде познат и како град кој го има првиот аква –парк во Македонија.Тој треба да придонесе за развој на туризмот и угостителството и за намалување на невработеноста.

default

Прибиштип

Пробиштип градот сместен во северниот дел на источна Македонија длабоко истакнат на Осоговските планини на надморска височина од 600 метри од неделава е познат и како град со прв аква-парк во Македонија. Оваа приватна инвестиција вредна над 2 милиони евра очекуваме во многу да придонесе за развој на туризмот и угостителството потенцира за Дојче Веле, Тони Тоневски градоначалник на Општина Пробиштип. „Ова инвестиција ќе значи во прв ред нови вработувања. Се планира во Аква- паркот за почеток да работат околу 50 тина луѓе.Инаку Аква-паркот е приватна инвестиција. Општината како помош за овој аква- парк даде ослободување од давачките кон неа, комуналните такси и обврски. Со тоа што ние нашиот бенифит го гледаме во развој на целиот овој туризам, угостителските објекти. Нели ќе дојдат туристите во градот Пробиштип кои покрај аква-паркот ќе ги посеатат и другите туристички локации, манастирите кои ги има во голем број во нашиот крај‘‘.

Rathaus Probistip

Зградата на општинската управа во Пробиштип

Пробиштип започна да ја намалува бројката на невработеност

Отварањето на аква –паркот за нас младите ќе значи и одлична забава и рекреација во сопствениот град,без да одиме во други места, вели Валентина Митевска.

„Ние ќе немаме потреба да одиме како млади луѓе настрана во другите градови и да ги оставаме на некој начин нашите пари бидејќи сега во нашиот град ќе имаме Аква-парк.Ќе имаме значи можност, уште една можност повеќе каде ние младите ќе може да го поминуваме нашето слободно време.Понатаму ова значи можност за доаѓање на нови туристи, нови луѓе, запознавање на нови граѓани. Аква-паркот е една одлична можност за сите нас како граѓани‘‘.

Градот со 10 ипол илјади жители во кој пред триесетина години и да немаше невработени бидејќи над 2 000 работници работеа во рудникот „Злетово‘‘ ,а 1 500 во фабриката за акумулатори. Со транзицијата во Македонија и затворањето на фирмите, невработеноста се зголемуваше. Некаде во 2006 -та година со целосното затворањето на рудникот и фабриката за акумулатори, бројката на невработени се искачи на 4 000. Сега е намалена на 2 900 невработени, а тоа е резултат на повторното работење на рудникот „Злетово‘‘ сега Минерали,метали и фабриката за акумулатори,сега „Весна САП‘‘, како и на уште два рудника „Трмош‘‘ и „Бисеник‘‘ , а уште два рудника на површински коп се во фаза на подготовки за отворање. Во Пробиштип последните години се разви и текстилната индустрија ,и земјоделието. „ А отворањето на аква -паркот очекуваме да придонесе за понатамошно на намалување на невработеноста со развојот на туризмот и угостителството,од што очејкуваме и економски бенифит ‘‘, истакнува градоначалникот Тоневски.

Stadtpark in Probistip, Mazedonien, Foto: Municipality of Probistip, Zulieferer: Sime Nedevski, eingepflegt: August 2011

Градскиот парк во Пробиштип

Аква-паркот - бенефит за целата општина

Аква-паркот ќе нуди широк спектар атракции на вода,терен за забавни содржини за најмладите,како и ресторани,барови,кафулиња,продавници за сувенири.Водениот парк ќе има и терен за одбојка на плажа,како и за други спортови.

Владо Стојанов инвеститор и сопственик на аква- паркот и фирмата Спортско Рекреативен Комплекс „МАРКАТ‘‘ за Дојче Веле ни изјави. „Иако веќе подолго време живеам во Скопје,со оваа инвестиција се вратив во својот роден град Пробиштип,а замислата ми е градот повторно да заживее. Местоположбата на аква- паркот е идеална и се надевам ќе го посетат многу туристи од цела Македонија и странство. Воедно со тоа очекувам и враќање на инвестицијата од која освен јас, бенифит ќе има и целата Општина Пробиштип‘‘.

На 70 километри од Пробиштип е Скопје, на 50 Куманово на триесет Штип. Не се далеку ни Кочани, Виница, Радовиш, Свети Николе, Велес. Во Пробиштип може да дојдете од две страни. Едниот е патот Пробиштип-Штип-Велес –Скопје,а другиот патен правец е Пробиштип- Кратово -Куманово -Скопје.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски